Храна

Јајцата се здрави, но како е најздраво да ги подготвувате?

Напишано од Mr. N

Знаеме дека јајцата се многу здрави, но нивната вредност многу се намалува со начинот на подготовка. Нутриционистот Џоел Ферен откри на кој начин подготвените јајца се најздрави.

Варените ги стави на првото место, а зад нив следат пошираните јајца па јајцата на око.

Оние кои се највкусни, барем ако се прашува мнозинството – кајганата и омлетот – се најнездрави. Ако се прашувате зошто, логично е – поради мастите кои јајцата ги впиваат додека се подготвуваат. Кога, да речеме, правите јајца на око, поголемото количество на масло ќе остане на тавчето, додека кајганата или омлетот речиси се ќе упијат – а подоцна вие тоа ќе го изедете.

Но да ве орасположиме, нутриционистот има и добри вести за вас кои внимавате на килограмите, а тоа е дека јајцата ќе останат 100 проценти здрава храна, ако едноставно ги правите во тавче кое не се лепи, без масло.

За авторот

Mr. N