Пијалоци

Кафето што го пиете многу кажува за вас

Напишано од The Gentleman

Кафе… никогаш доста. Вие спаѓате во тие луѓе? Или пак сте од оние кои не се фанови на кафето. Изборот на кафе доста кажува за машкиот карактер. Проверете во која категорија спаѓате вие.

ЕСПРЕСО

Луѓето кои пијат еспресо по природа се лидери. Тие шират доверба и знаат што треба да направат за да ја завршат некоја работа како што треба. Тие се инспирација за другите, како во деловните дружби, така и во друштвото.

ДУПЛО ЕСПРЕСО

Љубителите на дуплото еспресо се многу практични која сака прецизни упатства. Најсреќни се кога ќе им кажете што треба да правите.

КАФЕ СО МЛЕКО

Кафето со млеко открива личности на кои им е тешко да донесат одклука. Удобноста му е на прво место. Тие се забавни и посебно сакаат голем број на уживања.

КАПУЧИНО

Одличен моден стил и софистицираност. Овие мажи не подлегнува на вулгарните шеги и се труди сите работи во животот да ги заврши со стил. Друштвени се и секогаш креативни.

КАФЕ СО ШЛАГ

Мажите кои пијат кафе со шлаг не се плашат да ја покажат својата мека страна. Меѓутоа, многу жени во нив гледаат личности на кои не може да им се верува. На прв поглед изгледаат нежни, но често знаат да кријат тајни кои вас би ве шокирале.

За авторот

The Gentleman