Архитектура

Како да бидете најефективни на вашето работно место

Напишано од Пјер

Канцеларијата е просторот во кој го поминуваме најголемиот дел од нашиот работен ден и за таа цел треба да биде организирана на начин кој соодветствува со нашите потреби, инспирира креативност и ни овозможува најефикасно и продуктивно да го искористиме нашето работно време.

Еве ги нашите предлози како да го опремите овој простор:

aaa

Одберете компјутер според вашите потреби

Првиот и незаменлив елемент којшто е клучен за нашето работење е лаптопот. Одберете лаптоп кој соодветствува со вашиот буџет и со потребите и природата на вашето работење. За ефективно и брзо извршување на работните задачи одберете квалитетен HP лаптоп или DELL лаптоп, со одлични перформанси или пак доколку се занимавате со графика, веб дизајн, програмирање и слично, одлучете се за поскап MacBook лаптоп кој е квалитетна и моќна машина создадена токму за таа цел. Од друга страна, доколку лаптопот ви е потребен исклучиво за основни работни задачи и документирање на вашите активности, како и пребарување на Интернет, користење на социјални мрежи и слично, одлучете се за овој лаптоп со пониска цена, кој вклучува лиценциран Windows 8.1 и ташна за носење.

aad

Таблет наместо нотес

За подобра организација на многубројните работни активности,наместо употребата на класичен нотес, одлучете се за преносен таблет компјутер, кој е лесно пренослив, има значително помала цена од лаптоп, а може да собере и организира многубројни податоци.

aah

Автоматизирајте ги процесите со помош на софтвер

Доколку сакате да ги намалите вашите трошоци преку поефикасно организирање и евидентирање на сите процеси во вашето претпријатие, набавете го Pantheon софтверот за мали и средни претпријатија.

aal

Организирајте и уредете го просторот удобно и креативно

Откако ќе ги обезбедите клучните потребни елементи од електроника, можете да преминете на поширокото уредување на вашиот канцелариски простор како удобен и креативен простор за работа. Одберете квалитетно канцелариско биро со поголема работна површина и повеќе фиоки за складирање на вашите секојдневно потребни документи и предмети. Бирото е потребно да го чувате уредно и чисто, а тоа најдобро можете да го направите преку организирање на сите кабли со помош на отвори за кабли кои се монтираат во самото биро, носач на кабли со шест отвори или пак флексибилен носач. Потоа, набавете удобен стол на кој ќе можете да седите исправени и кој ќе биде квалитетна потпора за вас во текот на денот.

Имајте модерен држач за мобилен (линк до хит производот на FridayShop), луксузно пенкало кое остава впечаток (најмодерните пенкала достапни на FridayShop), фраерска шоља за кафе, и секако зелен декоративен детал по супер достапни цени од само 600 денари (линк до FridayShop)

Заштитете се од кражби

Не заборавајте да се заштитите од кражби, особено доколку користите скапа технологија во вашиот канцелариски простор и поставете алармен систем.

aab

За целосна декорација на просторот набавете креативни слики кои се одлични за мотивација за вас и останатите вработени и оставаат впечаток на модерна канцеларија доколку пречекувате клиенти во неа.

aag

За авторот

Пјер