Стил

Како да додадете посветли бои во стајлингот и во зима?

Напишано од Mr. M

Кога станува збор за боите што треба да ги носите во зима, не треба многу да се грижите. Доколку се држите до онаа палета на црна, сива, тегет и бела боја значи дека сте безбедни. Но, не треба да се откажете од светлите бои само затоа што следува студена сезона.

Можете да вметнете и светли парчиња облека доколку добро ги искомбинирате. Ова се неколку правила до кои што треба да се држите:

Најдете ја бојата која одговара на тонот на вашата кожа. Доколку имате светла кожа тогаш носете се што е потемно, а доколку сте темни тогаш можете да додадете парче што е со посветла боја. Светлата боја кога е во комбинација со темна, како на пример црна боја тогаш многу повеќе доаѓа до израз. Па наместо класичната all black комбинацијата пробајте да вметнете светол капут.

Со потемни панталони, светлиот капут изгледа подобро во зима. Облекувајте се според температурите. Како што се смалуваат температурите така и вие треба да следите со стајлингот. Секогаш е подобро кога изгледате соодветно и топло облечени. Боите исто така треба да ги следат температурите. Па така ако црвената боја е ваша омилена во текот на летото, бордо нека биде ваш избор за ладните денови.

Боите кои се актуелни оваа зима и се сметаат за неутрални во потоплите комбинации и слоевитото облекување се изгорено портокалова боја, бордо, војничка зелена и окер. Ова се нашите предлози за како да ги искомбинирате трендовските бои оваа сезона.

За авторот

Mr. M