Апликации

Како да дознаете дали некој ви го краде безжичниот интернет?

Напишано од Nikola

Кражба на безжичен интернет станува сè поголема, но постои начин кој открива дали некој без ваша дозвола ви го користи Интернетот …

Поради големата потреба на Интернет, големиот број на соседи “позајмуваат” мрежа преку пристап до лозинката на рутерот. Рутерите вообичаено не можат да го забележат тоа, па тие буквално плаќаат за себе и останатите. Затоа решивме да ви објасниме како можете да проверите кои уреди го користат вашиот Интернет и како да го добиете известувањето, доколку некој нов уред се поврзува со вашиот Интернет.

Сè што треба да направите е да превземете програмата наречена “Wireless Network Watcher“. Кога ќе ја инсталирате програмата, отворете ја, потоа одете во “Опции” и кликнете “Beep on new device”, како и “Background Scan”. Кога ќе завршите со тоа, кликнете на копчето “Play” и програмата ќе ви покаже кои уреди го користат вашиот интернет. Така да, доколку некој нов уред се поврзе со вашиот Интернет, вие ќе бидете известени преку порака или пак гласен звук.

Погледнете го видео клипот во продолжение

За авторот

Nikola