Мода

Како да ги одбереш совршените очила за сонце за себе?

Напишано од The Gentleman

Очилата за сонце се задолжителен машки аксесоари, особено за во летото. Не само што не штитат од сончевите зраци, туку и затоа што го подобруваат нашиот стил. Но, често при нивното одбирање, знаеме да згрешиме. Затоа е многу важно да ги одбереме очилата кои најдобро ќе ни одговараат.

Издолжено лице

Ако имате ваков тип на лице, ќе мора да направите контраст помеѓу него и очилата. Затоа ви ги препорачуваме oversize очилата за сонце кои се малку поголеми и пошироки.

Коцкасто лице

Ова важи за најмаженствениот облик кај мажите, а на него најдобро ќе одговараат округлести очила за сонце. Најдобар избор за тоа се авијатичарските очила за сонце.

Округло лице

Ако имате вавков облик на лицето, тогаш треба да ги избегнувате округлестите очила. Затоа вас ви требаат очила кои се правоаголни со јасни линии на нив.

Овално лице

Тие што имаат ваков тип на лице се практично големи среќници, бидејќи тие навистина може да носат секаков вид на очила за сонце. Единствено што треба да ги избегнувате големите очила.

Лице во облик на срце

Ако имате вакво лице, мора да обрнете внимание на очилата бидејќи на ваков облик најтешко е да се погодат очилата. Еден од најдобрите очила за ова лице е clubmaster очилата.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

The Gentleman