Стил

Како да ги одберете вистинските очила за сонце?

Напишано од martin

Освен костимите за капење, шеширите, еден од есенцијалните аксесоари за летото се очилата за сонце. Доколку сеуште се немате одлучено за вистинскиот пар кој ќе ви прилега, имаме неколку наши предлози за вас.

Wayfarer

Класика, омилениот модел на поранешниот претседател на САД Џон Кенеди.

Округли 

Овој модел ќе ги ублажи оштрите црти на вашето лице. Моментално ваквите очила важат за едни од најпопуларните модели, а вистинскиот избор се оние со метални детали на нив.

Четвртасти

Овој модел ќе ти помогне да ја истакнеш дефиницијата доколку имате округло лице и благи црти.

Авијатичарски

Уште една класика, која дава еден маженствен изглед. Доколку не сакате многу да експериментирате, ова е вистинскиот модел за вас.

За авторот

martin