Водич за патување

Како да го надминете стравот од летање?

Напишано од Mr. N

Повеќето од нас едвај чекаат да дојде време за летниот одмор, но стравот од летање може да додаде доза анксиозност на целото уживање. Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат барем малку да го надминете овој страв.

Разговарајте со стјуардот

Најискусни патници се токму оние чија работа е секојдневно да летаат од една дестинација до друга. Нивна работа е вие да се чувствувате комотно и затоа ќе се потрудат да ви го олеснат патувањето и да ви одговорат на кое било прашање поврзано со летот.

Слушалки за музика

Еден од најдобрите начини да се опуштите е музиката. Можете да слушате музика, аудио книга или нешто сосема трето.

Вода

Дехидрацијата може да доведе до стрес и несвестица, затоа им се советува на патниците кои имаат страв од летање да пијат доста вода.

Избегнувајте алкохол

Алкохолот може да предизвика главоболки и мачнини. Не е баш посакуван метод за ослободување од стрес во текот на летање.

Размислувајте за вашиот одмор

Ако ништо од веќе наведеново не помогне и чувствувате преголем страв, тогаш размислувајте за вашата конечна дестинација.

За авторот

Mr. N