Пијалоци

Како да го пиете еспресото како вистински Италијан?

Напишано од The Gentleman

Еспресото како збор веднаш некако не асоцира на Италија и Италијаните. Токму они имаат една многу сериозна култура кога станувазбор за пиењето на кафе. Според Италијанците, постои правилен и погрешен начин да се пие еспресо, па интересно е да се слуша нивниот совет, т.е. совети од Лука ди Пиетро, ветеран во индустријата.

Разберете што значи еспресото – Начинот на подготвување на кафе, т.е. како го добивате вкусот од тоа е она што ја прави разликата помеѓу кафето. Една шолја еспресо има 7гр кафе и не треба да трае повеќе од 25 секунди за да се направи. Еспресото не треба да има горчлив вкус, и не треба да ви чука срцето забрзано. Затоа бирајте какво кафе пиете! Не секое еспресо зане да е добро. Еден од најголемите проблеми на новите кафетерии е што тие користат 18 до 20 грама кафе за да направат еспресо. Во суштина, проблемот е во тоа што овде добивате два до три пати повеќе кофеин во мала доза течност отколку во традиционалното еспресо.

Бидете сноб – Италијанците се многу сериозни во врска со кафето и така треба доколку ви се допаѓа овој пијалок. Новите кафетерии честопати ќе ви кажат дека користат свои машини за печење на кафето и го земаат кафето во помали количини за да не стои, што е во ред, но прашањето е колку се конзистентни.  Исто така, важно е како се спакувани овие кафиња. Кафето станува застоено многу брзо ако не се постапува правилно. Навистина има многу заблуди кога станува збор за овој пијалок, но она што треба да ви биде главен репер е вкусот.

Еспресото треба да го пиете брзо – Еспресо треба да се пие многу брзо. Всушност, треба да се пие додека „пената“ е сè уште на врвот. Пената е кремаста емулзија на масло од кафе и делува како капак за покривање на еспресото, со што се зачувуваат сите ароми. Треба да се запомни дека пената брзо исчезнува.

Никогаш немојте да пиете еспресо без пена – Ова значи дека тоа стоело премногу долго или дека е без кофеин. Ова е точно една од причините зошто Италијаните никогаш нема да порачаат епсресо на маса.  Додека вашето еспресо е подготвено и донесено за вас, особено ако е преполно во кафетеријата, работата е завршена и пената исчезна…

Пијте го кафето на шанк и помуабетете си со баристата – Ова е една од најубавите традиции кај италјаните. Секогаш муабетат. Прашајте го заз времето, за денот, за кафето. Што и да е. Разговарајте со тој до вас.

Земете едно брзо еспресо, земете колачи, разменете неколку зборови и се фаќате за бизнис. Ова е ритуал кој не треба да ве задржува долго. Утринското еспресо не е посебна прилика за долги разговори и седење во кафуле. Не е шоу, тоа е начин на живот!

За авторот

The Gentleman