Љубов

Како да го подобрите вашиот сексуален живот

Напишано од The Gentleman

Секој пар има фаза во животот кога нивниот сексуален живот или активност се намалува. Многу луѓе кои се во долги врски влегуваат во рутина и си стануваат досадни.

Тоа е знак дека треба да започнете да барате начин како да го направите или зачините вашиот сексуален живот.

Еве неколку работи кои треба да ги направите за да имате подобар сексуален живот.

ПРАЌАЈТЕ СИ БЕЗОБРАЗНИ ИЛИ ФЛЕРТУВАЧКИ ПОРАКИ

Пораките кои си ги праќате нека бидат интересни. Праќајте си пораки на пример “Што би ти правел да знаеш” или нешто слично. Тоа ќе влијае на вашиот апетит кон саканата.

ОРГАНИЗИРАЈТЕ СИ “DATE NIGHT”

Ова е начин да си останете забавни и да се осеќате убаво. Правете си секогаш интересни работи со саканата, излегувајте, дружете се.

ПРЕДИГРА

Предиграта е некогаш поубава од сексот. Размислете на темава.

СПОДЕЛУВАЈТЕ ЈА ВАШАТА ФАНТАЗИЈА

Сите ние имаме некој фетиш, или ако не сте знаеле откријте го. Направете го она што сакате во сексот. Експериментирајте со вашата девојка или сопруга.

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ПОВТОРУВАЊЕ

Не бидете досадни во креветот и само во една поза. Не. Никако. Тоа ја убива страста.

ПОМАЛКУ ПОРНО ФИЛМОВИ

Избегнувајте порно филмови. Колку помалку толку подобро за вас и вашата врска. Верувајте.

 

За авторот

The Gentleman