Нега и одржување

Како да изберете кој парфем е за која прилика?!

Напишано од The Gentleman

Парфемите прават да бидеме попривлечни, елегантни и чисти. Благодарение на нив, добиваме сомодоверба. Постојат голем број на парфеми кои сепак не се за секоја пригода, поради тоа мажите често се наоѓаат во проблеми бидејќи не знаат кој парфем за кога да го одберат.

Парфем за на работа

Кога мислиме на парфеми за на работа, тогаш мислиме на оние кои се свежи и кои не се премногу јаки. Ако ставите парфем кој е јак и премногу ароматичен, тогаш може да им сметате на вашите колеги.

Парфем за излегување во кафуле

За овие прилики добро е да одберете и некој појак парфем со дрвенести ноти кои ќе направат да изгледате помаженствено и снажно.

За интервју за работа

Ако треба да оставите силен прв впечаток, тогаш треба да одберете парфеми кои имаат сериозни мирисни ноти. Парфемите со дрвенести и свежи ароми се совршени за овие прилики бидејќи ќе привлечат внимание.

Излегување со девојка

За овие прилики треба да побарате цитрусни и поблаги парфеми кои ќе пренесат порака до вашата девојка дека сте атрактивен. Овие парфеми треба да бидат интензивни и да привлекуваат внимание.

За секојдневна употреба

Многу мажи ставаат парфеми само кога излегуваат, а тоа е грешка. Еден маж постојано треба добро да мириса, па дури и кога е во тренерки. За вакви прилики, користите неутрални парфеми со помал интензитет.

За авторот

The Gentleman