Стил

Како да ја комбинирате тексас кошулата оваа есен?

Напишано од Mr. N

Како што е веќе познато – модата се враќа со текот на годините. Така оваа есен повторно се враќа тексас кошулата која што беше веќе видена во текот на 90те години.

Оваа есен обичната кошула заменете ја со лежерна, тексас верзија. Носете ја под џемпер, палто или сако. Секако ќе добиете тренди и шик изглед.

Темниот тексас комбинирајте го со светли бои како што се белите или сиви панталони, светли бои на костуми или класични црни џемпери.

Светлите или обоени кошули можете да ги носите со се што ќе посакате. Единствено избегнувајте го стилот на двоен тексас –  фармерките не ги комбинирајте со кошула од ист материјал или или боја.

Погледнете колку модерно може да изгледате со малку храброст и вкус.

За авторот

Mr. N