Забава Кариера

Како да му објасните на шефот дека паузата ви е неопходна?

Напишано од Пјер

Како да му објасните на шефот дека вие не избегнувате да работите, туку собирате енергија да продолжите понатаму да работите со полна пареа.

Сте издвоиле половина час од работното време да погледнете што се случува на Фејсбук, да оставите некој твит, да се насмеете на некое видео на ЈуТуб или да поразговарате со некој пријател на Скајп.

Па, што е тука проблем, или подобро речено- кој? Шефот. Нема да му се допадне ако види дека „забушавате“.

Решение за вас, кое треба да му го дадете на вашиот шеф, е новото истражување на универзитетот во Торонто. Оваа студија открила дека оние кои се наводно мрзливи, тогаш кога ви се чини дека ништо не работат, всушност ги пренасочуваат своите напори од една задача на друга и така собираат свежа креативна енергија.

Истражувачите дури напоменуваат дека работодавците ова треба да го сметаат како знак за прилагодување, кое е потребно во денешно време поради брзото работење.

За авторот

Пјер