Пијалоци

Како да нарачате кафе во Италија

Напишано од The Gentleman

Ако сте во Италија она што задолжително треба да го правите е да живеете како италијаните. Отидете до некој локален кафе бар наутро, па потоа пак на пладне, па после ручек, и напијте се еспресо.

Да нарачате еспресо во италија е многу лесно, и тоа е еден начин да вежбат еиталијански со неколку едноставни фрази.

Еве што да кажете кога нарачувате кафе во некој бар во Италија:

Buongiorno, un caffè per favore (ако кажете кафе, јасно е дека ќе добиете еспресо).

Баристата може да ве праша, lo vuole macchiato? Дали сакате макијато, што значи со капка млеко.

Сега, тоа може да биде само macchiato, или macchiato caldo, ако сакате млекот да е топло и со пена.

Можете да побарате caffè lungo (долго), за послаба верзија, но многумина ќе каат дека тоа има повеќе кофеин чим е со повеќе вода.

Уште еден фаворит во Италија е cappuccino, еспресо со пена од млеко, а многумина во Италија го нарекуваат и  “cappuccio”. Не заборавајте, капучино се пие до 11 часот најдоцна, или до пладне.

Но има ид руги кафиња кои можете да ги нарачате. Еве уште некои кои се доста барани.

Latte macchiato – ова е чаша со топло млеко и кафе. Повеќе млеко отколку кафе.

Caffè latte – еспресо со топло млеко, се служи во стаклена чаша, и е без пена.

Некогаш ќе слушнете некој да нарача un caffè hag или un decaffeinato, тоа е безкофеинско еспресо.

Caffè corretto (“corrected”) – еспресо со ликер.

Caffè freddo (ладно) – еспресо протресено со лед и шеќер и се служи во стаклена чаша. Најчесто се пие во лето.

А, убаво е и да појадувате наутро со вашето кафе нели?

Vuole qualcosa da mangiare?

Најпопуларна храна која се јаде наутро е кроасанот, кој во Италија се нарекува brioche или cornetto, и може да е сув vuota/vuotoили полнет со крем crema, марамалад marmellata, мед miele или Нутела. Кога ќе дојдете на ред да нарачате едноставно кажете un caffè e una brioche.

Потоа платете, насмевнете се и кажете: Grazie. Buona giornata, arrivederci! (Ви благодарам. Имајте убав ден. Чао.)

За авторот

The Gentleman