Мода

Како да носите ракавици за возење автомобил, а да не изгледате смешно

Напишано од The Gentleman

Во светот на модата има многу примери кајде функционалноста преминува во мода. Прав пример е бомбер јакните кои преминаа во модниот свет. Истото важи и за аксесоарите со кои се возело некогаш, од очила до чевлите. Сите тие преминаа во секојдневна употреба и се дел од модниот свет.

Има една работа која сеуште не влегла во светот на модата, а останала во светот на луѓето со стил. Тоа се ракавиците за возење.

Има толку убави ракавици, направени од префинета кожа, кои никако не влегле во редовна употреба.

Знаеме дека многумина од вас ќе посакаат да носат ракавици додека возат, и затоа ќе ви кажеме како правилно да ги носите а да не изгледате смешно.

НАУЧЕТЕ ДА ГО НОСИТЕ ПРАВИЛНО

Нема да носите капут по дома, нели?! Така да не носете ракавици за возење надвор од вашиот автомобил. Ова е основно но клучно. Доколку влегувате во продавница, едноставно извадете ги, ставете ги во џеб, или оставете ги во кола.

Она што е важно е да бидете кул кога ги носите. Изгледајте како да знаете што правите.

НОСЕТЕ ГИ ДОДЕКА ВОЗИТЕ РЕТРО АВТОМОБИЛ И ПОГРИЖЕТЕ СЕ СТИЛОТ ДА ВИ Е РЕТРО

Можеби не ви се потребни постојано ракавиците да бидат на вас. Доколку возите класични автомобили кои имаат ретро моменти, кои немаат серво волан, тогаш потребно е да носите ракавица. Комбинирајте секогаш да носите ретро ракавици  кои се од кожа.

НЕМОЈТЕ ДА БИДЕТЕ НАПАДНИ ВО ИЗГЛЕДОТ

Не се трудете да доавата дополнителнои работои во изгледот додека носите ракавици. Часовник и пура е сосема доволно додека уживате во возењето. И мноооогу важно… не купувајте ракавици кои се подвижна реклама.

 

За авторот

The Gentleman