Пијалоци Фитнес

Како да останете добро хидрирани?

Напишано од Mr. N

Често можеме да слушнеме за тоа колку вода треба да пиеме во текот на денот. Некои викаат од 2 до 3 Литри, некои до 8 чаши, а некои викаат нешто сосем трето. Но овие препораки не значи дека се и точни, зошто внесувањето на течноста варира во зависност од повеќе фактори.

Водата како најбитна состојка во нашето тело (завзема од 50 до 70% од масата на телото), е многу важна за различните процеси на метаболизмот, а исто така служи за регулација на телесната топлина. Така да, ако се занимавате со некоја телесна активност, адекватната хидратација е многу важна за изведбата на тренингот, но и за опоравувањето после него. Ако за време на тренингот се намали телеснта маса за 2% (намалени течности), функционалната способност на тој тренинг ќе биде намалена и ќе се јави замор на вашето тело. Исто така, претераното пиење течности, за време и после тренингот, може да биде контрапродуктивно.

Колку вода треба да се пие?

Генералните препораки се движат помеѓу 400 до 800 милилитри во саат време околу и за време на тренингот. Потребите зависат од повеќе фактори како температурата, видот на активност, кондиција, пол, старост и слично. Оние со поголема тежина треба да внесуваат и повеќе течност од останатите.

Не може точно да се утврди потребната дневна доза на течност за нашето тело, затоа што на тоа влијаат преголем број на фактори. Најдобро е да се раководите според бојата на урината, па доколку урината е во потемна нијанса тогаш подобро е да пиете повеќе вода од вообичаеното, а доколку урината е посветла тоа значи дека во вашето тело има повеќе течност од потребното.

За авторот

Mr. N