Бизнис совети

Како да оставите најдобар впечаток на вашето работно место?

Напишано од Nikola

Најважни работи кои се потребни кај секој маж за да оствари добар впечаток во своето работно место се: задоволство кон шефот, подобрување на својата контакт листа, дури и љубов кон своите колеги.

Подобрете ги своите контакти

Останете конкурентни на работниот пазар. Редовно организирајте состаноци со вашите стари колеги, шефови и ментори. Вашите состаноци треба да се взаемно корисни, па затоа најдобро е да разговарате на теми поврзани со новите трендови и промената во вашето поле. Никогаш не треба да споменете дека сте во потрага по нова работа, бидејќи ќе ве гледаат различно. Пронајдете начин да помогнете и непосредно учествувајте во новите активности кои на крај ќе ви бидат од корист.

Остранете го синдромот на ученик

Добро е да учите од вашиот шеф во текот на првата недела во новото работно место, но не и да го прашувате како да изведете проект после шест месеци. Секој шеф или шефица имаат свои афинитети, но добро е да се потрудите да ги информирате само за работи поврзани со бизнисот. ќе спречите да ја прекинувате нивната работа. Со тоа, вие ќе станете самостоен во вашата работа така што вашиот шеф ќе бара помош или пак некој добар совет.

Користете ги трачевите на добар начин

Озборување за вашите колеги на работното место може да започне добар разговор, но може и да заврши на ваша сметка. Затоа, подобро е да го смените тонот на зборење. Позитивното озборување е многу подобро од негативното озборување кое може да остави впечаток на заеднички успех. Доколку вашиот колега види дека неговиот успех се проширили низ работното место, тој ќе ви биде од голема благодарност.

 

 

 

 

За авторот

Nikola