Најново

Како да подигнете готовина од АТМ без картичка?

Напишано од Mr. M

Луѓето често може да се најдат во непријатна ситуација кога го забораваат својот паричник дома, кога картичката им е истечена, изгубена или украдена, а имаат потреба од готовина од истите.

За овие навидум “безизлезни” ситуации има лесно и едноставно решение. Спојувањето на придобивките од дигиталната технологија и желбата на Халкбанк да биде што подостапна за сите потреби на граѓаните, доведе до создавањето на Халкбанк Смарткеш.

Халкбанк Смарткеш е функционалност што го претвора вашиот паметен телефон во уред за подигнување готовина од кој било банкомат на Халкбанк, но исто така и во уред за испраќање готовина до други лица, кои патем не е неопходно да бидат клиенти на банката.

Потребно е само да поседувате активна трансакциска сметка, дебитна картичка во Халкбанк и да ги користите услугите на електронското банкарство како и мобилната апликација на банката.

Халкбанк Смарткеш ќе ви помогне во ситуациите кога вашата картичка не е со вас, ќе овозможи да споделувате готовина со вашите блиски, деца, пријатели, само преку мобилниот апарат, а користењето на оваа корисна алатка не подлежи на никакви дополнителни трошоци.

За авторот

Mr. M