Бизнис совети

Како да постигнете се на време

Напишано од The Gentleman

Колку пати досега сте ја почнале работната недела полни со елан и планови кои треба да ги направите, за да во понеделник попладне сфатите дека денот ви прелетал и ништо не сте стигнале да направите? Можеби сте изгубиле време пеглајќи ја кошулата, па сте изгубиле време додека го пиете првото кафе и со другарите пишувате на Фејсбук или листате на Инстаграм, или состанокот кој требал да трае 30 минути траел 1 час.

Нема човек кој не се нашол во таа ситуација, и не посакал денот да трае 48 часа. Но, она што треба да го знаете е дека добрата организација на времето е пресудна за да постигнете се на време.

СЛЕДЕТЕ ГО ВАШИОТ БИОЛОШКИ ЧАСОВНИК

Пробајте да откриете во кој дел од денот сте најпродуктивни. Тешките задачи, оние кои барааат многу размислување направете ги во тој период од денот. Се друго распоредете во остатокот на текот на денот. Вечерта од денот искористете ја за уживање, за добра пура или гледање фудбал со пријателите.

ВНИМАВАЈТЕ НА ТОА КАКО ВИ ПОЧНУВА ДЕНОТ

Оние кои работата во канцеларија знаат дека утрата на работа се вакви: голем дел од колегите поминубваат два часа на работа загревајќи се за денот, или во разговори помеѓу себе, појадок, гледаат YouTube видеа, или денгупат време што би рекле. Наместо да започнете вака, вие појадувајте дома направете се што треба дома и одете завршете ја вашата работа. Кој рано рани две работи граби.

ОРГАНИЗИРАЈТЕ ГО МЕИЛОТ

Прво, кога мислиме на организирање, мислиме да да го ограничите времето на проверување. Проверувајте еднаш во секој час. Потоа селектирајте ги меиловите кои се за одговор и реагирајте во текот на денот кој е само за меилови. Избегнувајте долги меилови.

СКРАТЕТЕ ГИ ДЕЛОВНИТЕ ПОВИЦИ

Секогаш стоите додека зборите, наместо да седите и одма на почеток на разговорот објаснете која е целта на вашето јавување. Пред да го свртите бројот направете план што сакате од тој разговор. За да не го губите времето.

МЕРЕТЕ ГО ВРЕМЕТО ЗА НЕКОЈА ЗАДАЧА

Мерете го времето кое ви е потребно да завршите некоја задача, почнувајќи од тоа колку време ви треба да се истуширате, да го наместите креветот, или да измиете заби. Тоа ќе ви олесни во планирање на вашите активности.

ПОСТАВЕТЕ СИ ЦЕЛИ КОИ СЕ РЕАЛНИ

Генетски сме предодредени да славиме одредена задача со лачење на бета ендорфин кој ни помага во зголемување на креативноста, фокусот и мотивацијата. Од друга страна секоја задача ни троши енергија. Како би го спречиле тоа, поделете некој голем или важен проект на неколку етапи. Запишете го планот на хартија.

ДАЈТЕ СИ РОК

Кога че добиете рок од вашиот шеф, знаете дека мора да се почитува сето тоа и дека работата мора да биде завршена на време. Но, кон самите себеси не сте толку мотивирани и дисциплинирани, нели? Ако си дадетет рок за некој задача, вие ќе ја направите таа задача на време секогаш. Нема да имате притисок, нервоза и да ви биде краток денот. Пробајте ја оваа вештина, нема да згрешите.

ЗАПОЧНЕТЕ НА ПРАВ НАЧИН

Кога ќе пристигнете на работа, фокусирајте з аонаа работа која ви е најтешка или одвратна за работа. И направете ја. Чувството на успех ќе ви даде елан за работа, верувајте. Ако нешто можете да направите за две минути, направете го.

НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ ПОВЕЌЕ РАБОТИ ВО ИСТО ВРЕМЕ

Сите би сакале да имаме супермоќ или да сме Бонапарта и да можеме да завршиме неколку работи однапред. Не е возможно. Ретки се оние кои можат да прават повеќе работи, но и тие треба да се фокусираат по ред. Една по една. Кога сте насочени кон повеќе работи, губите фокус и квалитет.

НАЈДЕТЕ ДУПКА ВО ВРЕМЕТО

Наместо да се нервирате кога касни забарот или кога чекате состанокот да почне, искористете го времето за да проверите меил, да се слушнете на телефон со семејството или со некој клиент.

За авторот

The Gentleman