Стил

Како да се носите како вистински италијан ова лето

Напишано од Mr. M

Белата и сината боја се карактеристичните бои за летниот период. Затоа ако направите добра комбинација од одвие две бои вие можете да направите совршен летен изглед со кој ќе оставите силен впечаток.

Денеска оваа комбинација која ќе ви ја претставиме е карактеристична за италијаните и нивниот препознатлив spezzatura стил.

Постојат неколку парчиња на гардероба кои еден маж задолжително треба да ги има во својот гардеробер за во летниот период. Класична бела кошула, пар фармерки и секако, морнарско син блејзер. Без разлика дали станува збор за формален или кежуал изглед, овој тип на блејзер секогаш можете да го комбинирате со џемпери, маички, поло маички и секаков вид на панталони и чевли.

Кога на овој блејзер ќе додадете класична бела кошула и клсични бели панталони вие сте ја завршиле работата. Ако мислите дека имате премногу бела боја на вас, не грижете се, монотонијата ќе ја тргнете со кафени мокасини. Кафената боја одлично одговара со белата и со сината.

Еве го нашиот предлог…

 

 

За авторот

Mr. M