Кариера

Како да се однесувате кога ќе се сретнете со директорот во лифт?

Напишано од The Gentleman

Незгодни ситуации кои не би сакале на никој да ни се случат. Едноставно нема полошо. Поранешниот директор, или колега со кој не зборите, до вашиот директор во лифт. Доколку се случи тоа си поставувате сигурно неколку прашања, дали да молчите или да разговарате? Можеби вашето молчење ќе го сфати како непочитување?

Патувањето во лифт со вашиот директор знае да изгледа како да патувате цела вечност.  Дали да молчите или да разговарате? Вашето молчење може да го сфати како непочитување, додека пак опуштениот разговор може да го наведе на мислата дека сте непрофесионални.

Не се нервирајте, туку послушајте ги советитe на Џули Блес, автор на книгата „Бонтон: Самоувереност и кредибилитет“. Таа советува први да проговорите, а потоа да ја следите реакцијата на надредениот. Ако е воздржан, задржете се на поздравот и евентуално прокоментирајте ги временските прилики. Така нема да ја прејдете границата на дозволеното и не може ништо да се протумачи погрешно.

Кога, од друга страна, директорот е насмеан и љубезен, бидете внимателни бидејќи таа срдечност не значи дека можете да се опуштите и да зборувате за се. Ако сте ги запознале членовите на неговото семејство, прашајте за нив. Дозволен е и разговорот за хобито, па ако знаете дека вашиот директор е страствен љубител на фудбал или кошарка, разговарајте з анивниот последен натпревар.

Воздржете се од комплименти дури и ако многу го цените, бидејќи тоа може да го протумачи како „умилкување“. Немојте да го користите возењето во лифт заедно за да „нападнете“ со прашања за компанијата и молби за повисока плата. На заминување насмевнете се и посакајте му пријатен ден.

За авторот

The Gentleman