Нега и одржување

Како да се справите со непријатниот мирис на вашите патики

Напишано од The Gentleman

Патиките се омилените обувки кај мажите. Лесни се за носење и се едноставни. Многумина мажи тоа го обожаваат.

Сепак, понекогаш патиките може да ни прават големи проблеми, а тоа е непријатниот мирис кој ни го нуди.

Ако поголемиот дел од денот го поминувате во патики и стапалата ви се потат, тогаш најверојатно ќе имате проблеми од ваков тип. Најдобро решение е да имате повеќе видови на патики, но тоа знае да биде често и поскапа варијанта.

За да избегнете вакви проблеми, се што треба да направите е да ставите една до две кесички чај од нане и да оставите да стојат во патиките цело време во перидот додека не ги носите. Нането ќе направи да имате свеж мирис, а со самото тоа патиките ќе бидат и миризливи и свежи.

Едноставно, а сепак не чини многу.

За авторот

The Gentleman