Апликации

Како да создадете одличен Tinder профил

Напишано од Mr. N

Основачот на апликацијата Tinder, Sean Rad ја открива тајната како да имате одличен Tinder профил.

Најважната точка е профилната фотографија

Секогаш обрнете внимание на профилната фотографија. Таа е првото нешто што луѓето ќе го погледнат пред да влезат на вашиот профил. Одберете фотографија која најповеќе ќе го прикаже она што сте вие. Секогаш гледајте да бидетет насмеани поради тоа што со тоа ќе добиете епитет на пријателски расположен.

Обрнете внимание на лошите фотографии

Никако немојте да ставате фотографии од теретана. Не е убаво другите на Tinder да забележат дека вие сте премногу оптеретени со вашето селфи или пак сте нарцис.

Бидете она што сте вие

Бидете свои! Вашата фотографија треба да им даде до знаење на луѓето она што сте, за она што вие го сакате вашите хобија и интереси. Ако сакате екстремни спортови покажете го тоа.

Додадете убав текст

Нека биде краток и убав текст. Напишете кое е вашето хоби, некој цитат од вашиот омилен ТВ карактер или пак каков тип на луѓе сакате да запознаете.

Кога ќе се споите со некого

Кога за прв пат ќе се споите со некоја личност, немојте да пишете само “HI”. Не верувам дека така ќе добиете повратен одговор. Напишете нешто што ќе даде до знаење дека сте ја прочитале кратката биографија или пак сте ги разгледале профилните фотографии на личноста со која започнувате конверзација. Бидете пријателски расположени, додадете малку хумор и покажете дека сакате да дознаете повеќе за таа личност.

За авторот

Mr. N