Кариера

Како да станете незаменливи на вашето работно место

Напишано од The Gentleman

Некои работодавци живеат со идејата дека сите вработени се лесно заменливи. Вистина е дека секогаш постои некој кој може да ја преземе одговорноста која ја носи вашата работа додека сте вие на годишниот одмор или сте отсутни од други причини, но сепак постои начин на кој вие можете да се осигурате дека за другите ќе биде речиси невозможно комплетно да ве заменат.

Она што ве прави незаменливи не е збир од вештини и искуство, туку вие самите. И тоа се супер вести. Постои голем страв дека модерните работници ќе ги заменат роботи или машини, затоа потребно е да го понудите тоа што роботот и машините не можат да го направат.

1. Поврзете се со другите

Разликата помеѓу добриот и одличниот работник е во тоа колку добро се поврзува со другите луѓе. Времето поминато во комуникација, интеракција и изградба на односи со колегите и клиентите е добро потрошено време. Луѓето ќе заборават што сте кажале, што сте направиле, но никогаш нема да заборават како се чувствувале кога биле со вас.

2. Решавајте ги проблемите

За да бидете незаменливи, другите мора да ве доживеат како такви. За да го постигнете тоа покажете се како личност која е ориентирана на решавањето на проблемите, а не на укажување или избегнување на истите. Немојте да бидете личност која секогаш мисли дека тоа не е нејзина работа. Секој може да ја следи листата на задачи или описот на работа, но незаменливите работници се оние кои преземаат иницијатива при решавањето на проблемите, пронаоѓањето на решенија дури и за нештата кои не се во нивната област.

3. Бидете посебни

Добро е да имате нешто во што посебно ќе бидете добри, а тоа нешто никој друг да не може да го направи. Не мора да станува збор за некоја вештина, може тоа да биде и некоја ваша особина, духовитост или сл. За тоа можете да размислувате како на ваша супер сила. Тоа е особина на која сте најмногу горди, поради која се истакнувате и која ви дава предност во однос на другите.

За авторот

The Gentleman