Фитнес

Како да вежбате ефикасно во вашиот дом?

Напишано од Nikola

Иако разновидните фитнес справи за вежбање делуваат примамливо, тие не се потребни за секаков вид на тренинг.

Вежбите кои бараат отпор на телото се подеднакво ефикасни како оние со шипки, тегови или справи. Тајната е во изборот на вистинските вежби. Затоа, обидете се да го применувате следниов тренинг со вежби без тегови, кои ќе го активираат секој мускул од вашето тело, стимулирајќи го истовремено кардиоваскуларниот систем, подеднакво како лентата за трчање.

Инструкции:

Правете го овој тренинг три пати неделно, со одмарање еден ден помеѓу тренинзите. Тренингот се изведува преку кружен метод, 8-10 повторувања за една вежба пред да се префрлите на наредната, со прекин од две минути на крајот од кругот. Повторете уште 2 круга. Премногу е лесно да го скратите времето за одмор и пробајте да додадете уште еден круг на вежби.

Бугарски раздвоени чучњеви

Стоете свртено со грбот половина метар од столот и ставете ја десната нога на него. Држете го столот исправено, спуштајќи го телото се додека вашето лево колено не е под агол од 90 степени, а вашето десно колено е близу до земјата. Почекајте една секунда и потоа брзо вратете се на почетната позиција. Повторете ја  серијата со вашата лева нога.

Обратен склек

Завземете добра позиција за склек, поставувајќи ги стапалата на креветот или фотелјата. Ширете ги вашите раце и телото, поставете ги прстите малку пошироко од ширината на рамената. Не дозволувајте колковите да ви паднат, спуштете го телото колку што е можно пониско, застанете за 1 секунда и потоа брзо вратете се  назад во почетната положба.

Обратно веслање

Фиксирајте палица, стап или дршка од метла помеѓу две столици или пак два цврсти предмети во висина од еден метар. Легнете под шипката и фатете ја со цел да одговара на ширината на рамената. Одржувајќи го телото исправено и цврсто, повлечете ги градите колку што е можно поблиску до шипките. Застанете, па потоа полека спуштете ја во почетна положба.

Доколку не сте тип на човек кој практикува тренинг без помагала , back-up опција ви се секогаш фитнес справите или пак лентите за трчање кои се достапни на нашата онлајн продавница за мажи FridayShop на следниов ЛИНК.

 

За авторот

Nikola