Стил

Како изгледал средношколскиот стил во ЈБТ во 80тите

Напишано од Пјер

Јосип Броз Тито денес важи за средно школо во кое школуваат најмодерните скопјани и скопјанки. Во овој круг може да се вклучат и Орце, Карев, Корчагин и Ѓорѓи, но сепак ЈБТ е еден чекор пред останатите.

Овој тренд важел уште од 80тите, и добро е што дојдовме до доказ. Долги звонарки, големи крагни, блузи во V и коси во стилот на најголемите рокери од минатото. Овие трендови никогаш нема да исчезнат, и ние самите сме сведоци дека популарноста на ретро модата се враќа на големата врата. Барем еднаш во 2/3 години некој моден момент од минатото знае да воскресне, и на него да се зарази цела младина во 21 век.

Малата галерија е од периодот средина на 80тите (1977), во дворот во ЈБТ и од неколку екскурзии. Младината на Скопје секогаш изгледала тренди.

Благодарност за фотографиите од Зоран Сиљаноски (истите не може да се превземат од други интернет портали)

За авторот

Пјер