Појадокот е можеби најважниот оброк за еден човек. Некој бира овес, некој бира јајца, некој тостови. Но најчест појадок се јајцата. Знаеме дека јајцата се многу здрави, но нивната вредност многу се намалува со начинот на подготовка. Нутриционистот Џоел Ферен откри на кој начин подготвените јајца се најздрави.
Варените ги стави на првото место, а зад нив следат пошираните јајца па јајцата на око.
Но да ве орасположиме, нутриционистот има и добри вести за вас кои внимавате на килограмите, а тоа е дека јајцата ќе останат 100 проценти здрава храна, ако едноставно ги правите во тавче кое не се лепи, без масло.