Креатива Храна

Како популарните ланци на исхрана ја рекламираат својата храна?

Напишано од Nikola

Колку пати ви се има случено да очекувате феноменален оброк со совршен изглед во ресторан, како што е претставен на телевизија или пак социјалните мрежи, а всушност добивате нешто што воопшто не изгледа на производот кој сте го виделе?

Оваа појава е многу честа, а причината за тоа е начинот на кој храната и одредените јадења е претставена и прикажана на рекламите. За да изгледа храната попривлечна, креаторите на рекламата користат различни методи и неверојатни начини на кои никогаш не би помислиле.

Еден од примерите е дека за палачинките користат моторно масло кое го заменува јаворовиот сируп, додека пена за бричење се користи наместо шлаг. Јаворовиот сируп се разлева и не изгледа убаво на слика, додека моторното масло останува на површината на палачинката и дава предобар изглед и сјај. Шлагот после некое време ја губи својата форма, додека пената за бричење е секогаш иста.

Ако сакате да дознаете какви видови на трикови се користат при рекламирање на храната, тогаш мора да го погледнете следниот видео клип.

 

За авторот

Nikola