Бизнис совети

Како вашето хоби да ви стане професија

Напишано од The Gentleman

Сонот на секој иден работодавач е да го претвори сопственото хоби во поеднакво интересна и успешна работа и во неа да ужива целиот живот. Навистина нема ништо подобро кога ќе работите за пари и уживате во нешто што претходно сте го работеле бесплатно!

Како хобито да го претворите во работа?

Понекогаш некои инспиративни хобија неможе да ги вклопите во рамките на бизнисот, па дури и на интернет. Во исто време тоа е нешто во што навистина сте добри. Вие, но и многу други луѓе, а и некои други претприемачи или компании веќе дошле до истата идеа и масовно го произведуваат истото.

Затоа, пред да одлучите хобито да го претворите во бизнис, мудро размислете за следново.

1) Концентрирајте се на целта.

Оваа цел е вредна за секој труд, затоа што нема поубаво нешто да работите во она што најмногу го сакате.

„Пред се би започнале бизнис кој е базиран на некое хоби, отколку било што друго, по можност веднаш поради тоа што сте добро упатени во таа тема и го разбирате концептот, заедницата и логиката на пазарот“, вели „Lawler Chang“, автор на книгата „Страст на работа и консултант“.

Доколку навистина одлучите вашето хоби да го претворите во работа, немојте само да мечтаете за тоа, туку започнете со работа. Најпрво квалитетите на вашата понуда тестирајте ги на членовите на семејството или пријателите. Истражете го мислењето на луѓето кои ви се од доверба, но и од оние кои ќе бидат подготвени да ви дадат конструктивна критика.

2) Внимателно истражете го пазарот.

Само затоа што уживате во вашето хоби или го делите со други, незначи дека вашата група на ентузијасти може ова хоби да го претвори во вредна работа.

Најпрво направете „чекор напред“ и согледајте ја целата приказна во поширок контекст. Како и во секоја работа, најпрво морате да утврдите дали постои пазар за такво нешто, која е вашата целна група на клиенти, колку профит можете да остварите во иднина….

3) Направете реална евалуација на самиот себеси.

Вие сте важни поради тоа што вашето хоби е тесно поврзано со вашиот карактер, а тоа ќе игра улога во промоцијата. Дали сте доволно вешти во тоа што го работите за да им го наметнете на другите? Имате ли чувство на одговорност и самодисциплина која ќе биде потребна во оние моменти кога своето хоби пред се ќе морате да го сметате како своја работа, а не само како извор на забава?

4) Дефинирајте ги своите граници.

Многу хобија по природа се такви да неможат дополнително да се развиваат или надградуваат. Какво е вашето хоби? Морате да разберете до која мерка може работата да се развива, колку таа ќе напредува и како модерната технологија ќе влијае на нејзиниот развој.

5) Да се развие идеа која ќе биде обележана.

Сакате вашата работа да биде базирана на хоби, тогаш мора да биде различно од се што на пазарот се нуди во моментот. Но ако еднинствена разлика која можете да ја понудите е поволната цена, сепак тогаш морате вашате идеа да ја ставите на чекање. Во денешно време тешко е да се задржи цена пониска од конкуренцијата, особено ако е во прашање нешто што може лесно да се заживее во масовно производство. Размислете за тоа што ќе чини дополнителна вредност.

6) Последно, но не и помалку важно.

Кога размислувате за претворање на хобито во работа, пред се треба да се погрижите за тоа што во моментот ви носи толку забава, а со текот на времето не стане извор на мака и досада. Покрај тоа држете се до идеата да го работите она што го сакате, а пропратните содржини кои можете да ги претворите во бизнис, оставете ги за подоцна. Имено хобито произлегува од страст кон нешто, но водењето компанија бара многу работа и одговорност. Пред да одлучите тие две работи да ги соедините бидете сигурни дека вашата идеа добро сте ја разработиле и на тој начин никогаш да не ги загубите сегментите „забава“ и „страст“ кои во моментот ги негувате кон вашето хоби. Со текот на времето ќе можете да видите дали вашата работа можете да ја проширите или подобро да ја задржите во постоечките рамки.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

The Gentleman