Кариера

Како Ворен Бафет за еден ден падна од топ 5 листата на Форбс?

Напишано од Mr. N

Ворен Бафет, извршниот директор на Беркшир Хатавеј, оствари загуба од 4,3 милијарди долари, кога акциите на Apple паднаа за 38 отсто во рок од 90 дена. Милијардерот има инвестиција во “Епл”, која надминува 36 милијарди долари. Пред само три месеци, Apple претставуваше највредната компанија во светот, но минатиот вторник цената на нивните акции падна за 9,96 проценти. Празничниот дел од годината беше за седум проценти послаб отколку што се очекуваше.

Во четвртиот квартал од минатата година, Беркшир Хатавеј имаше загуба над 25 милијарди долари, според списанието Форбс. Оваа објава предвиде дека компанијата ќе има рекордна загуба од над 10 милијарди долари за 2018 година, во портфолиото кое започна со 170,5 милијарди долари. Во случај доколку не ги следите вестите од светот на финансиите, на берзата, очигледно е дека и третиот најбогат човек во светот не е имун на тоа.

Милијардерот имаше навистина лошо време во последниот период, бидејќи сите негови највредни инвестиции, вклучувајќи ги Wells Fargo, Bank of America, Delta и American Airlines, остварија лоши перформанси минатата година. Во моментов, тој нема добивка од неговата инвестиција во Apple за исплата на дивидендите. Всушност, богатството на Бафет имаше најголем пад кај милијардерите кои се дел од списанието Форбс.

Веројатно, овој мудар бизнисмен не бил изненаден од неговите загуби. Во ноември, компанијата Беркшир Хатавеј имаше 18,5 милијарди долари  профит во третиот квартал од годината, но наместо да слави, Бафет реагираше многу внимателно, предупредувајќи дека овие придобивки може да создадат само заблуди во компанијата. Неговата мудрост е дефинитивно една од причините зошто тој сè уште има 80 милијарди долари на своето конто.

За авторот

Mr. N