Љубов

Каков тип на татко сте?!

Напишано од The Gentleman

Татко, можеби најголема гордост на секое дете. Човек кој ни е идол, во секоја смисла на зборот. Татко е оној кој не води на прав пат, оној кој не насочува, и секогаш, ама баш секогаш ни мисли добро, како и да ни изгледа тоа во даден момент.

Каков татко сте вие?

Еве неколку типови на таковци кои ние ги познаваме.

Ова е за оние татковци кои не се срамат од ништо. Носат класични татковски папучи, прават скара, кажуваат фори кои не се смешни пред другарите на децата. Ова се оние татковци кои дремат на каучот од дневната соба. Тука спаѓаат и оние татковци кои се владатери или ја поседуваат скарата во вашиот двор, и кога и да посакате вие да направите нешто, они сме мешаат.

ТАТКО КОЈ ПОСТОЈАНО ВЕ КРИТИКУВА

Или подобро речено ова се оние татковци кои седат покрај аут линијата како судија и постојано каѓжуваат како они биле добри, ако не и најдобри, во нивните денови коа биле на ваши години во фудбал. Ама немале среќа, не ги сакал тренерот, и такви некои причи кои ги кажуваат дека се некој им е виновен за тоа што се они надвор од фудбалот.

ТАТКО ОД АКЦИЈА

Ова се оние татковци кои речиси секој викенд ги носат децата на планина, и се качуваат со нив мислиш дека се спремни за на Хималаите. Или пак возат точак.

ТАТКО КОЈ Е ПОСТОЈАНО ДОМА

Ова се оние татковци кои се постојано дома. Имаат некој бизнис кој не им зема многу од времето, и не се некои кои искачаат, па постојано се дома и вршат домашни работи. Оние кои мир не им даваат на децата, особено на тинејџерите.

ТАТКО КОЈ Е СЕКОГАШ СПРЕМЕН

Ова се оние модерни татковци кои се секогаш спремни со сите гаџети, или буквално смарт татковци. Сигурно секој ги чита оние вести од типот Топ гаџети кои мора секој татко да ги има. Тие знаат се, читаат за готвење, сакаат таблети, смарт часовници. Имаат лудило Инстаграм профил.

 

 

За авторот

The Gentleman