Кариера

Каква е ситуацијата на најбогатите луѓе сега споредбено со минатата година ова време?

Напишано од Mr. M

Кризата со пандемијата на новиот коронавирус го погоди силно светот и најбрзо се зафати на пазарите на капитал – или на берзите. Како резултат на падот на вредноста на акциите, богатството на многу богати луѓе се намали. Се разбира, кризата има големо влијание и врз другите компании и поединци кои ги затвораат своите деловни активности или ги губат своите работни места.

Но, најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, сè уште не ја почувствува кризата, пренесуваат медиумите, заснована врз индексот за милијардери на „Блумберг“. Вредноста на неговото богатство во моментов се проценува на 116 милијарди американски долари, што е за 1,5 милијарди долари повеќе од крајот на минатата година.

Безос е основач, извршен директор и најголем акционер на Амазон, компанија за онлајн трговија.

Другите богати луѓе претежно доживеале пад на вредностите на имотот. Бил Гејтс во моментов има 96 милијарди американски долари, што е намалување од 16,7 милијарди во однос на минатата година. Французинот Бернард Арнолт кој стои зад модниот гигант ЛВМХ, има 77 милијарди, за 28,3 милијарди помалку од лани. Тој е најбогат човек во Европа.

Инвеститорот Ворен Бафет и основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, имаат по 18 милијарди долари помалку од минатата година, така што нивното богатство се проценува на 71 и 60 милијарди долари, соодветно. Интересно е што Амасио Ортега на Зара има 21,5 милијарди долари помалку од лани и се наоѓа на 9-то место меѓу најбогатите луѓе со 54 милијарди долари богатство.

За авторот

Mr. M