Љубов

Какви мажи најмногу ги привлекуваат жените

Напишано од The Gentleman

Резултатите од психолошката студија која е направена во Австралија откри дека постоењето исклучителни нивоа на привлечни карактеристики може да има негативен ефект. Откако регрутирале 214 студенти, тие ги испитале учесниците за квалитетите што ги сметале за привлечни кај потенцијалниот партнер.

Доброволци – од кои 70% се жени – изјавиле дека добриот изглед, интелегенцијата, љубезеноста се дел од посакуваните карактеристики кои сакаат да ги има еден маж.

Резултатите, објавени во британскиот весник за психологија, сугерираат дека иако овие вообичаени квалитети – интелигенција и добар изглед – ги правеле луѓето попривлечни како партнер, на горниот крај на скалата, тие ја изгубиле својата привлечност.

Во ова истражување е увидено дека мажите кои имаат премногу добри карактеристики не се најпосакувани за жените. Што значи дека ако сте премногу добри, може тоа да ви биде залудно.

Ако некогаш во себе најдете некоја карактеристика која што се смета за негативна, сметајте го тоа за комплимент.

За авторот

The Gentleman