Пијалоци

Какви последици ќе има вашето тело доколку престанете да пиете кафе?

Напишано од Mr. N

Кафето е една од најконтроверзните теми кога станува збор за препораките на докторите во однос на она што е добро за нашето здравје.

Првото утринско кафе е толку сериозна навика што многупати се чувствуваме како да не сме доволно разбудени или не боли глава ако не го испиеме.

Знаете дека кафето во превод значи кофеин кој и не е толку добар за телото, но сепак, обожаваме да го консумираме. Ако имате на ум некогаш да го откажете овој омилен пијалок, ви посочуваме што ќе му се случи на вашето тело.

Во првите денови откако ќе престанете да го пиете, нормално, ќе се чувствувате многу уморно, а често и со главоболка. Кафето е дефинитивно вид на зависност, бидејќи го навикнуваме мозокот на кофеин, па потребен му е сѐ повеќе и повеќе.

Обидете се кафето да го замените со природен чај. Чаша топол чај е совршен почеток на денот, а и ќе уживате во новата навика и можеби нема да ви недостасува старата.

Една мала шолја утринско кафе е сосема доволна за да го преживеете денот, а доколку мислите дека можете истата да ја промените со природен чај, тогаш да почнеме овој викенд!

 

За авторот

Mr. N