Водич за патување

Канарските острови и Хрватска најпопуларни за туристите

Напишано од Mr. M

Хрватскиот дел се најде на второ место на најпопуарните туристички дестинации во Европската Унија. Според податоците до кои можевме да дојдеме, од 2009 до 2017 година, само Канарските острови се пред Хрватска.

Во цела Европа туристичките ноќевања се во експанзија и зголемени се 29,3 %.

Според ова може да се види дека Јадранот е дефинитнво најпопуларен за туристите. Цела Европа брои некаде околу 31 милиони кревети од кои една третина се сместени во Франција и Италија, а Хрватска пак е повторно најпопуларна.

Во Хрватска на 1000 жители доаѓаат 255 кревети, па процентуално има најмногу туристички места за ноќевање според бројот на жители. Франција има 77 кревети на 1000 жители, Италија 83, Грција 118, додека во Шпанија има 76 кревети на 1000 жители.

Сепак зголемениот туризам не е во прилог на секого, па затоа Барселона сака да го намали бројот на нови хотели кои се градат, музејот Лувр во Париз не работеше поради штрајк на работниците кои имале лоши услови за работа и се поголем број на посетители.

За авторот

Mr. M