Љубов

Kарактеристики кај мажите по кои жените збудалуваат

Напишано од The Gentleman

Мажите постојано се во потрага да дознаат што е она што жените најмногу го сакаат кај нив. Затоа тие се трудат често да ја менуваат својата фризура, да го освежуваат својот стил и да го менуваат парфемот за да остават добар впечаток постојано.

Еве кои карактеристики кај мажите, жените ги обожаваат:

Добрата кариера

Жените сакаат мажи кои имаат добра финансиска состојба и добра работа. Доктори, адвокати, пилоти итн.

Љубител на животни

Жените сакаат мажи кои се љубители на животните, особено оние мажи кои веќе чуваат домашно милениче. Тоа е знак дека мажите знаат да се грижат.

Недопирливи мажи

Девојките имаат признаено дека ги сакаат оние недопирливи мажи кои не е лесно да се освојат. Тие сакаат кога треба да се помачат околу некој маж.

Мажи со самодоверба

Мажите кои се полни со самодоверба и сигурност се вистински магнет за жените.

Длабок глас

Мажите со длабок глас подсвесно им порачуваат на жените дека се снажни и моќни.

Црвена гардероба

Истражувањата покажале дека мажите се најпривлечни кога носат црвена гардероба, а жените тоа го имаат потврдено.

За авторот

The Gentleman