Храна

Карантин likes this – чоколадото е најдобриот лек против кашлица

Напишано од Mr. N

Следниот пат за ублажување на кашлицата прескокнете лимон и мед и земете малку темно чоколадо, бидејќи истражувањето на научниците од Велика Британија открива дека темното чоколадо е поефикасно.

Чоколадото може да ја смири кашлицата, но важно е да биде темно и да содржи најмалку 70 проценти какао, бидејќи има одлични антиинфламаторни и антиоксидантни својства, изјави професорот Ејлин Морис.

Во истражувањето учестуваа луѓе кои страдаат од хронична кашлица. Учесниците беа поделени во две групи. Учесниците во едната група секојдневно земаа лекови кои во својот состав имаат какао, а учесниците во другата група земаа сируп против кашлица.

Резултатите покажаа дека какаото е поефикасно во ублажување на кашлицата, а првите резултати беа видливи за неколку часа. Ова не е прво истражување кое покажа дека чоколадото може да ја ублажи кашлицата. Имено, едно истражување покажа дека теоброминот, состојка која ја наоѓаме во какаото, поефикасна е во ублажување на кашлицата од кодеинот, состојка која ја наоѓаме во повеќето лекови за кашлица.

Научниците посочуваат дека какаото има антиинфламаторно својство и ја ублажува иритацијата предизвикана од кашлање. Погусто е од вообичаените сирупи против кашлица и создава заштитен слој на пределот на грлото, исто како и медот. На тој начин се намалува потребата за кашлање.

За авторот

Mr. N