Економија

Катастрофален пад на Биткоинот

Напишано од Mr. N

Најпознатата светска дигитална валута биткоин продолжила и денес да губи на вредност, откако вчера забележала најголем дневен пад во месецот.

Во раното утринско тргување биткоин ослабел за 5,5 проценти откако ден претходно паднал за дури 7,7 проценти, спуштајќи се под 10.000 долари прв пат од 1-ви август.

Трговците велат дека е тешко да се утврди причината за таквите загуби.

Додека едни тврдат дека техничкото тргување е причина за продажбата на биткоинот, бидејќи валутата се доближила до границата од 10.000 долари, други сметаат дека причината за тоа е најновиот пад на акциите на глобалните пазари на капиталот, предизвикан од стравот од рецесијата.

И други криптовалути, вклучувајќи ги етериум и рипл, денес регистрирале пад.

Да потсетиме, неодамна “Financial Times” објавил дека властите на Нов Зеланд одобриле употреба на Биткоин во исплаќање на бонуси и заработка во таа земја, почнувајќи од први септември.

За авторот

Mr. N