Стил

Клучни чекори при купување на Вашиот прв костум

Напишано од Mr. M

Секој маж во својот гардеробер мора да барем два видови на костуми. Добро скроен и квалитен костум е права комбинација. Пред се, кога купувате костим најповеќе треба да внимавате на кројот и квалитетот. Па еве неколку совети кои што можете да ги примените пред да одите на Вашиот следен шопинг.

КОМБИНИРАЈТЕ

Голем број од брендовите почнуваат да го продаваат горниот и долниот дел од костумот, одвоено. Тоа е добро поради тоа што доколку сте поразвиени во горниот дел, а послаби во струкот, ќе треба да земете поголемо сако кое што ќе треба да го искомбинирате со потесни панталони.

ОСЕТЕТЕ ГО МАТЕРИЈАЛОТ

Доколку сакате вашиот костум да ви трае подолго, треба да обрнете внимание на начинот на кој е скроено, односно да е скроен од квалитетен материјал. Волнените костуми се најквалитетни. Најдобра комбинација би било вашиот костум да биде 80% волна и 20% некој друг материјал.

ГРАДНИОТ ДЕЛ

Најбитниот дел во скроениот костум е градниот дел, кој обично е сошиен или залепен. Најдобро е да одберете костум кој што е направен од природен материјал, пред се поради дишењето таквиот избор е најдобар и најудобен. Доколку не можете да изберете волна од камила или коњски влакна, кои што се доста скапи, доволно би било да изберете памук.

ИТАЛИЈАНСКИ КОСТИМИ

Кога станува збор за стилски направен костм, сеуште на прво место е Италија. Италијанските костуми се поим за елеганција, најповеќе поради тоа што се рачно кроени од најдобрите материјали. Најдобро би било да купите квалитетен костум кој ќе можете да го носите дури 20 години, одколку некој просечен кој ќе ви трае една сезона.

За авторот

Mr. M