Uncategorized

Клучот за правилна комбинација на костум и чевли

Напишано од The Gentleman

Костумот е модно парче кое постоело и ќе постои. Постојат разни видови, од костум на преклоп, обичен костум, смокинг. Една работа која мора да ја знаете е дека дури и да го имате најдобриот костум на вас, во комбинација со лоши чевли ќе изгледа катастрофално. Вие можеби не мислите дека чевлите се толку важни како, да речеме, наоѓање на вистинска вратоврска или кошула за да одговараат на костум, но верувајте тоа е погрешно. Вашите чевли, се речиси буквално, темелот на кој ќе се изгради вашиот стил.

УСОГЛАСУВАЊЕ НА СТИЛОТ

Се зависи од поводот и општите околности! Вашиот стил, според тоа, зависи од костумот што го носите и зошто го носите тој костумот. Дерби или пак Оксфорд челви се одличен избор, но и со Monkstraps чевлите ќе изградите солиден изглед. Работите почнуваат да се отежнуваат кога се обидувате да ги искомбинирате чизмите со костум, така за да избегнете судири, држете се подалеку од тоа.

ПОГОДЕТЕ ГИ БОИТЕ

Вашата облека е целина – и овие индивидуални елементи треба внимателно да се избалансираат. Ако сте од глава до пети во сива, контраст направете со чевлите. Накратко, користете ја главата! Црно оди со сè, кафеава оди со морнарско сина, сина или светло сива, а кремастата боја оди со сина или светло сива.

ПРАВИЛНА КОМБИНАЦИЈА НА ДЕТАЛИТЕ

Не се само чевлите важни. Вашето џебно марамче, ременот, па дури и пинот може да предизвика проблеми ако не се совпадне правилно со костумот. Ако носите класичен кожен ремен, треба да одговара на вашата боја на чевли.

За авторот

The Gentleman