Технологија

Ко-основачот на Apple: Тргнете се од Facebook ако ја сакате својата приватност

Напишано од Mr. M

Ко-основачот на компанијата Apple, добро познатиот Стив Вознијак предупреди дека луѓето треба да се тргнат од Facebook.

Компанијата ја напаѓа нашата приватност и единствен начин да се излечеме од тоа е да се тргнеме.

Вознијак го напуштил  Facebook минатата година веднаш по скандалот со Кембриџ Аналитика. Тој повикува сите оние кои се загрижени за својата приватност, веднаш да го направат истото.

Денеска може да ве прислушкуваат преку многу различни уреди, па никогаш не може да се чуствуваме сигурно. Сепак треба барем да пробаме да се заштитиме колку што можеме повеќе.

Според Вознијак со самото тоа што Facebook продава реклами на своите корисници, тука веднаш е загрозена приватноста.

За авторот

Mr. M