Бизнис совети

Ко-основачот на NETFLIX со неговите правила за успех

Напишано од Mr. M

Кога дипломирал ко-основачот на NETFLIX и поранешен извршен директор, Марк Рандолф, неговиот татко му дал неколку мудрости. “Кога завршив факултет, татко ми ми даде список со упатства. Имав 21 година, тогаш барав прва работа “, напиша тој на LinkedIn.

Рандолф денес има 61 година и сè уште го држи тој список. „Им ги пренесував на моите деца, а оригиналната копија беше обесена во бањата до огледалото“, вели ко-основачот на NETFLIX.

Ова се неговите правила за успех во животот…

1. Дадете барем 10% повеќе отколку што се бара од вас
2. Никогаш, но никогаш не претставувајте му на некого факти за работи што не ги знаете.
3. Секогаш бидете љубезни и внимателни.
4. Не жалете се- држете се кон конструктивна, сериозна критика
5. Не плашете се да донесувате одлуки кога имате факти да ги донесете
6. Колифицирајте каде е можно
7. Бидете отворени, но скептични
8. Бидете брзи

Рандолф, кој вели дека никогаш не помислил дека ќе стане технолошки претприемач, ја започна својата кариера како неуспешен продавач на недвижнини, пишува на својот блог.

За авторот

Mr. M