Технологија

Кога 5G уредите ќе станат достапни за луѓето?

Напишано од Mr. M

Пазарот на 5G мобилни телефони ги започнува своите први чекори, а првата комерцијална 5G мрежа е воведена во Јужна Кореја. На пазарот се веќе достапни некои 5G паметни телефони како што се Samsung Galaxy S10 5G и Xiaomi Mi Mix 3 5G.

Од компанијата Huawei предвидуваат дека ќе има брз напредок кога се во прашање паметните телефони со 5G мрежа и веруваат дека веќе кон крајот на следната година ќе имаат можност на купувачите да им понудат средна класа на телефони со 5G мрежа.

Ако направиме споредба со 4G мрежата, во тоа време на пазарот му беа потребни речиси три години додека да се појават првите компатабилни паметни телефони. Развојот на 5G мрежата се очекува да биде доста побрза.

 

За авторот

Mr. M