Мода

Кои македонски политичари покажаа најдобар стил за време на кампањата изминативе недели?

Напишано од The Gentleman

Нашите политичари со чест на некои исклучоци, важат за луѓе кои немаат многу осет за стил. Така било низ годините но така е и сега. А имаат се достапно, интернет, апликации, ТВ, www.friday.mk , социјални медиуми…

Како и во минатото така и сега, на две раце се бројат оние политичари кои знаат како да комбинираат одело со кондура, машна, да запазуваат протоколи, да носат добра чанта, да знаат кога се носи а кога не одело… и да не навлагаме.

Направивме мало истражување периодов на темата “Кои македонски политичари покажаа најдобар стил за време на кампањата изминативе недели”. Можеме да кажеме дека сите од нив беа во една кежуал варијанта, маици со фармерки, кошули со фармерки, патика или кондура на нога. Сосема ОК.

Според она кое го видовме… се вртат истите луѓе постојано.

1.Никола Димитров

Министерот за надворешни работи е според нас оној кој е пример кај СДСМ како треба да се облекува еден наш политичар. Неговата сериозност, комбинирана со фраерски моменти зависно од приликата, го прави тоа што е.

Еве неколку фотографии од Никола Димитров во изборната кампања

2.Тимчо Муцунски

Помлад е од Никола, но е доста успешен. Градско “дете” што би рекле многумина, кој е скромен, умерен, но знае како треба да се облекува. Има свој препознатлив стил, знае да биде лежерен, но знае да носи и добро одело. Не типичен политичар кој ни покажува како изгледаат модерните политичари на запад.

Еве неколку фотографии од Тимчо Муцунски во изборната кампања:

 

3.Љупчо Николовски

И генсекот на СДСМ оваа кампања покажа добар стил на облекување. На ниво беше цела кампања. Елечиња, кошули, маици, кежуал варијанта, но со сериозност во целата кампања.

Еве неколку фотографии од Љупчо Николовски во изборната кампања:

4.Игор Дурловски

Игор Дурловски има препознатлив стил кој не е типичен за голем број на политичари. Важи за човек со стил, кој со своите наочари наликува на Хари Потер, и многумина му го даваат тој епитет. Ова е во позитивна смисла секако. Вози еден мангупски автомобил Фиат 500.

Ја одбележа кампањата со своите маици со натпис и патиките Асикс и боите на наочарите. Не е лошо секако.

Еве неколку фотографии од Игор Дурловски во изборната кампања.

Направивме и мала анализа на двајцата лидери на најголемите политички партии.

Зоран Заев

Стерилен во својот политички стил кога се работи за неговата гардероба. Знае да изненади но сепак неговите одела кои ги носи некако како да не му се по крој. Во кежуал варијанта со подвиткана кошула и панталона или фармерка изгледа далеку подобро. Така ја помина целата кампања.

Секогаш носи часовник на својата рака. Љуби мотори.

Еве неколку фотографии од Зоран Заев во изборната кампања.

Христијан Мицковски

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ најчесто оваа кампања го гледавме во кежуал варијанта. Носеше и одела, но го гледавме во фармерка со поло маица, или пак со најобична маица. Едноставно но допадливо. Искрено, човекот поради својата висина, оделата му стојат добро. Знае да направи грешка, но сепак генерално е ОК.

И Мицкоски е љубител на часовници.

Еве неколку фотографии од Христијан Мицкоски од изборната кампања

 

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

The Gentleman