Водич за патување

Кои места ќе бидат најпопуларни во 2020 според Airbnb?

Напишано од Mr. M

Airbnb, платформата за сместување, откри на кои европски и светски дестинации расте популарноста, или каде повеќето луѓе ќе патуваат следната година. Првото место на скалата е американскиот град Милвоки во американската држава Висконсин.

Овој историски скапоцен камен на бреговите на езерото Мичиген честопати бил занемаруван во минатото, но луѓето сè повеќе ги откриваат неговите природни и културни специјалитети, како и 168 милји велосипедски патеки. Интересот за овој град се зголеми за дури 729 % на Airbnb во однос на минатата година, при што некои веруваат дека главна причина за тоа е Демократската национална конвенција, што ќе се одржи во Милвоки во 2020 година.

Дури три европски места се најдоа на листата на 10-те најпопуларни. Шпанскиот Билбао се рангира на второто место по популарност, бидејќи интересот се зголеми за дури 402 %, Романија се најде на петтото место (298% зголемување на интересот), а Луксембург се најде на осмото место на оваа листа.

На топ 10 се и италијанскиот град Бури Рам, австралискиот град Сонбери во Викторија, кинескиот Сиан (Ксиан) и американскиот град Јуџин во Орегон, а списокот ја затвора Гвадалахара (Мексико) и малата островска држава Вануату на Пацификот.

За авторот

Mr. M