Фитнес Храна

Кои намирници не треба да ги внесувате после секој тренинг?

Напишано од Nikola

Неопходна е комбинацијата на кардио и вежби за дефиниција со избалансираниот и здрав начин на исхрана. Секој вид на исхрана поврзана со вашето здравјето, треба да биде во врска едно со друго.

Имено, постојат различни намирници чија потрошувачка се препорачува неограничено пред тренингот, бидејќи обезбедува енергија и концентрација. Се разбира, исто така постои и храна која треба да се избегнува после вежбање, за да не ги уништи резултатите од покажаните напори и посветеност во салата.

Значи, што треба да избегнувате после секое вежбање?

1. Солена храна

Почеста е потребата од солена храна после секој тренинг, бидејќи потта го лишува телото на течности и хранливи материи. Здравиот оброк брзо и природно ќе го задоволи вашиот организам со калиум, така што висококалоричните намирници не се неопходни.

Најдобар избор се бананите, но нутриционистите препорачуваат и други видови на овошје.

2. Слатка храна и газирани сокови

Најголемата грешка која што се прави после секое вежбање е внесувањето на вештачки шеќер. Тој го успорува метаболизмот, кој тежи на целта која сакате да ја достигнете за време на тренингот.

Покрај тоа, газираните сокови создаваат меурчиња, поради што треба да се одлучите за свежи сокови или вода. Тие ќе ја задоволат потребата од шеќер и нема да се чувстувате дехидрирано.

3. Брза храна

На сите ви е познато дејството кое го создава масната храна на организмот. Целта на вежбањето е да се намали нивото на маст во организмот, а брзата храна само може да одмогне.

Таа ја зголемува количината на холестерол, преку која може да се создадат срцеви заболувања. Исто така, таа го намалува нивото на гликоген.

4. Суров зеленчук

Иако свежото овошје и зеленчук треба да биде важен дел од вашето мени, на нив не треба да ја базирате вашата исхрана. Зеленчукот не дава доволно хранливи материи, витамини и минерали кои сте ги изгубиле после напорниот тренинг.

За да ги олесните мускулите после тренинг, најдобро е да консумирате протеини.

5. Млечни чоколади

Иако оваа намирница добро влијае на здравјето (ја подобрува меморијата и когнитивните функции), најдобро е да ја консумирате пред секој тренинг за да потрошите повеќе калории.

6. Колачи

После секој тренинг, на вашето тело му се потребни хранливи материи, но колачите не се сигурен извор за хранливи материи.

Подобар избор е сувото грозје и тост со цели зрна.

 

За авторот

Nikola