Задолжително

Кои се навиките на успешниот заводник?

Напишано од martin

Што е успешен заводник? Не постои некој конкретен одговор на ова прашање, но тие имаат некои каактеристики кои што ги прават поинакви од другите. Тие навики не се стекнати преку ноќ, туку преку голем број на успешни и инеуспешни ситуации во обид да се добие некоја девојка.

Упорност

Ако сте упорни, верувајте дека на крајот тоа ќе ви се исплати. Поставете си цели и тргнете во поход. Многу важно да не се откажувате и да продолжите понатаму.

Отпорност

Веројатно и сами знаете дека девојките понекогаш знаат да бидат доста груби, особено ако се наоѓате во терен кој ви е непознат. Но и да ве одбие не треба веднаш да се откажете од понатамошните обиди за заводување. Останете смирени и разберете дека одбивањето е составен дел од играта.

Прилагодување на непланирани ситуации

Кога сакате да ќарите некоја девојка, често се појавуваат непланирани ситуации. Во такви ситуации многу е важно да се прилагодите.

Учете од споствените грешки

Најмногу се учи од споствените грешки. Не е страшно ако згрешите во некој чекор, проблем е ако не научите нешто од неа. Затоа препознајте ја грешката и гледајте следниот пат да не се повтори.

Користете нови техники

Правиот заводник секогаш има повеќе начини како да пријде на некоја девојка. Испробувајте повеќе начини и дознајте кои се успешни, а кои не се. Оние успешни, задржете ги!

За авторот

martin