+18

Кои типови на жени најмногу уживаат во сексот?

Напишано од Mr. N

Постојат приказни за тоа дека сексот во брак или пак во подолга врска претставува рутина.

Сепак, факт е дека секоја врска/брак е различен и дека вашиот сексуален живот ќе биде онаков каков што вие самите ќе го направите. Но, според најновото истражување се потврдува дека еден тип на жени ужива во магијата на сексот повеќе од останатите.

Истражувањето спроведено во Флорида вклучувало 278 брачни парови, а резултатите покажале дека жените кои се среќни, опуштени и подготвени на компромис, имаат повеќе секс од другите.

Учесниците во истражувањето имале задача да водат дневник за сексуални активности во текот на две недели, како и оценка на сексуалните односи.

Во просек, паровите воделе љубов три до четири пати во период од 14 дена, но жените кои по природа биле посмирени, односно помалку невротични, повеќе уживале во овие активности.

 

За авторот

Mr. N