Психологија

Кои знаци покажуваат дека сте перфекционист?

Напишано од Mr. M

Перфекционизмот е во суштина потрага по високи достигнувања во сите сегменти од животот и, како таков, е исклучително позитивен и продуктивен и е особина на здрава личност, сè додека се поставуваат високи цели кои се во согласност со неговите способности и како такви достижни, и затоа секое достигнување е придружено со чувство на задоволство за постигнатото.

Сеуште се прашувате дали сте перфекционист? Еве неколку знаци кои може ќе ви го дадат одговорт…

  • Вие сте сурово свесни за секоја своја грешка и погрешен чин
  • Се трудите да бидете беспрекорни во сè што правите, дури и ако тоа е нешто што не ве интересира премногу
  • Вие поминувате премногу време во усовршување на нешто што веќе го знаете доволно добро
  • Вие сте сурово самокритични, подготвени сте да се казните за секоја мала грешка што ја правите
  • Вие сте критични за вашите резултати долго време, доколку тие не го исполнат начинот на кој ги предвидувавте
  • Вие сте дефанзивни за критиките и се плашите од неуспех затоа што тоа укажува на несовршености во вас
  • Вие сте фокусирани само на постигнување на крајната цел, без да обрнувате внимание на вашиот пат
  • Вие го негувате животот под слоганот: „СИТЕ ИЛИ НИШТО“
  • Вие сте свесни за секоја ситуација што може да ги натера другите да мислат дека сте несовршени

За авторот

Mr. M