Кариера

Кој бележи повеќе успеси, привлечните или непривлечните лица?

Напишано од Mr. N

Помалку привлечните луѓе поретко напредуваат на работа, бидејќи нивните колеги ги омаловажуваат и малтретираат, па затоа и бележат помал број на успеси, се вели во најновите истражувања.

Истражувањето спроведено на државниот Универзитет во Мичиген, открива дека непривлечните луѓе ретко добиваат унапредување на работа и дека секогаш го „извлекуваат дебелиот крај“ кога се доделуваат работните задачи.

Истражувачите откриле дека изгледот игра поголема улога отколку годините, полот и работното искуство.

Истражувањето опфатило 296 вработени во една здравствена установа, кои морале да одговорат на прашањата колку често тие и нивните колеги лошо се однесуваат со другите луѓе на работа. Лошото однесување подразбира навредливи зборови, непристојно однесување и подигрување со колегите.

На втората група на луѓе, кои не знаеле за првата група, им биле покажани фотографии од здравствените работници од првата група, кои тие морале да ги оценат според привлечноста.

Резултатите покажале дека лицата кон непривлечните колеги се однесувале многу полошо, отколку кон оние кои биле оценети како повеќе привлечни.

Дел од тоа лошо однесување биле и наредбите тие да служат некого, но и доделување на работните задачи кои никој не сакал да ги извршува.

За авторот

Mr. N